Македонскиот диџеј Галоски го распродаде V2 еден од најпознатите клубови во Токио

Еден од најуспешните диџеи и продуценти од земјава Галоски со огромен успех на својата мини турнеја во Јапонија.

Галоски успеа да го распродаде V2 Tokyo, станува збор за еден од најпознатите и најпопуларни ноќни клубови во Токио, каде што како дел од листата на артисти кои настапуваат и гости може да сретнете имиња Justin Bieber, One Direction, Neymar, Dr Dre, The Chainsmokers, The Black Eyed Peas, Florida, Ne-Yo и други.

„На еден од настапите нашиот диџеј имаше специјална посета од г-дин Џеки основачот на DJMAG (Јапонија), едно од најголемите светски списанија за електронска музика и диџејство, што само ја потврдува големината на нашиот артист. До крајот на месецот Галоски ќе настапи во Шпанија, Австрија како и заедно со светски познатиот диџеј Афроџек на 30.03.2018 во Љубљана, Словенија“, информираат од продукцијата.

Галоски неодамна потпиша издание за една од најголемите издавачки куќи за електронска музика во светот Armada Music која е во сопственост на светската денс икона Armin van Buuren.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk