Македонија и Филхармонијата ја загубија Елена Мисиркова

Почина пијанистката Елена Мисиркова-Лоза, потомок на Крсте Петков Мисирков. Елена Мисиркова остави силен печат врз македонската музичка култура со својот уметнички нескротлив дух, со желбата да истражува и да го промовира македонското творештво за пијано, таа беше еден од најзначајните промотори на македонската култура во странство.

Во 2016 година ја доби државната награда „11 Октомври“. Беше дел и од иницијативата „За заедничка Македонија“.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk