Гранд мастер Ким Унг Чол одржа дводневен теквондо семинар во Лескоец

Викендов во Домот на кулутрата Лескоец-Охрид во спортската сала на таеквондо клубот „ХВА РАНГ ИТФ“ Лескеоц – Охрид се одржа национален технички семинар со професорот Гранд Мастер, Ким Унг Чол (црн појас, деветти дан). На овој семинар, професорот Ким Унг Чол ги презентираше најновите таеквондо ИТФ техники пред учесниците на овај семинар.

Според тренерот на ХВА РАНГ ИТФ, Марјанчо Лазаревски овие техники во иднина ќе бидат од огромно значење за младите таеквондисти од Македонија.

„Одржавме технички семинар за теквондо итф со професор Гранд Мастер Ким Унг Чол. Во светот има само двајца луѓе кои ја имаат најголемата титула Гранд Мастер, а ние ја имавме таа чест да учиме од еден од најдобрите во светот за таеквондо итф. Професорот несебично ни го пренесе неговото искуство и неговото знаење, кое ќе ни потребно за натпреварувањата кои ни престојат оваа година. Можеме да кажеме дека овај семинар ни беше повеќе од потребен и истотака имавме можност да ни биде претсавена техниката до најситни детали, кои ќе ни користат за наредното Европско теквондо ИТФ првенство во Талин, Естонија“ истакна Марјанчо Лазаревски.

Семинарот се одржа во два дена, во саботата се работеше во два термини, со почеток од 10 до 12 часот и од 17 до 19 часот каде теквондистите ги усовршуваа своите техники, додека во неделата после тренингот од 10-12 часот имаше полагање за црн појаси пред угледниот професор. Македонија од овој семинар излезе со нов носител на црн појас, Василија Јовчески се закити со црн појас –прв дан. Со овој настан таеквондистите од Лескоец и официјално ги започнаа своите активности за 2017 година.

Од клубот уште еднаш упатуваат голема благодарност до генералниот спонзор „ПН МЕТАЛ“ кој и овој пат беше најзаслужен за организирањето на овој престижен настан.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk