Лажниот принц на Црна Гора и Македонија, по Памела Андерсон го одликуваше и Заев

Стефан Чернетиќ, белосветскиот измамник, кој шета по светот како принц од Црна Гора и Македонија и дели ордени, стигна и во Скопје и директно на средба со премиерот на Република Македонија, Зоран Заев. „Принцот” Чернетиќ, за разлика од кабинетот на Заев, веднаш по средбата од пред два дена на својот Фејсбук профил објави и фотографии.

На една од тие фотографии се гледа како Чернетиќ го одликува Заев во просториите на Владата на Република Македонија. За каков орден станува збор – немаме официјална информација. „Принцот“ на својот фејсбук-профил се заблагодари за гостопримството и за честа официјално да биде примен во Владата во Скопје, Република Македонија од премиерот Зоран Заев.

Инаку, за Стефан Чернетиќ пред една година пишуваа сите светски медиуми како за голем измамник кој лажно се претставува како принц за да се стекне со финансиска корист. На неговата листа на добитници на ордени се и Памела Андерсон, а од Македонија на листата стигнаа да бидат и Зоран Заев и поранешната македонска мисица Дунавка Трифуновска, која стана дама од висок ранг на сребрениот медал на Св. Ѓоргија.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk