Кралскиот секстет „Д’Квин Сикс“ приреди уникатен и незаборавен концерт

Совршена изведба на членовите на а капела секстетот „Д’Квин Сикс“ кои вчеравечер во катедралната црква „Света Софија“ приредија незаборавен концерт за бројната публика. Со нивното а капела пеење , уникатност и атрактивност како и со постојаната комуникација со публиката предизвикаа воодушевување на лицата кај посетителите.

Контратенорите Даниел Бритејн, Тимоти Карлстон, тенорите Николас Маден и Доминик Бланд, баритонот Ендрју Томсон и басот Сајмон Вајтли велат дека програмата била одбрана за да одговара на сечиј вкус.

„Се претставивме со мешавина од музика, почнувајќи од сакрална, до модерни комбинации или трендови. Тоа е репертоар соодветен за секој слушател. Амбиентот во црквата „Света Софија“ е многу уникатен за секој што ќе го посети овој сакрален храм и е многу необичен и различен од англиските цркви. Има неверојатна уметност исцртана на ѕидните фрески и тоа е многу импресивно и специјално за нас. Исто така, и акустиката е многу специфична и одговара за пеењето на нашата група“, вели Бритејн.

Публиката не ги криеше своите впечатоци за настапот на уметниците кои редовно се претставуваат пред Кралското семејство во Велика Британија. Посебно впечатливо беше гестот на уметниците кои по завршување на концертот ги испратија сите посетители ракувајќи се на влезот од црквата. Публиката воодушевена но и изненадена.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk