Координација на државниот врв за предлозите на Нимиц

Од Министерството за надворешни работи информираат дека утре државниот и политичкиот врв на Македонија ќе присуствува на координативен состанок на кој ќе биде разгледана иницијалната рамка за решавање на разликата околу името, која ја предложи медијаторот Метју Нимиц.

На состанокот ќе учествуваат: претседателот Ѓорге Иванов, претседателот на Владата, Зоран Заев, министерот за надворешни работи, Никола Димитров, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, и претседателот на ДУИ, Али Ахмети.

Посредникот на ОН, Метју Нимиц, следната недела ќе пристигне во посета на Грција и Македонија. Согласно со најавите, Нимиц ќе престојува во Атина на 29 и 30 јануари, а во Скопје на 31 јануари и 1 февруари.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk