Колев се враќа кај „гладијаторите“, РК Охрид се засили со четворица ракометари

Раководството на РК Охрид денеска потпиша нови договори со четворица ракометари.

Станува збор за голманот Кирил Колев кој заедно со десниот бек Константин Вешоски повторно се враќаат кај „гладијаторите“, а нови играчи се: пивотот Пеце Георгиевски и левиот бек Јане Јанчев кои доаѓаат од тимот на Прилеп.

Од тимот си заминаа Александар Стојаноски и интернационалците: Томислав Кљаиќ, Лазар Адамовиќ и Дервиш Бирдахиќ.

„Со освежувањата во тимот и реекипирање на Управата очекуваме да го повториме успехот од минатата сезона. Најавувам повтрно атакување и излез на клубот на европска сцена“, вели претседателот на РК Охрид Љупчо Танески.

ОХРИД 24 

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk