Кичевчанец фатен со наркотични дроги во својот дом, при што ги спречувал полициските службеници

Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, „спречување службено лице во вршење службено дејствие“ и „спречување на докажување“, полициската станица од Кичево поднесе кривична пријава против А.А.(34) од Кичево.

„При претрес извршен во неговиот дом на 23-ми минатиот месец, пријавениот започнал да ги попречува и ги оттурнувал полициските службеници во преземањето на службените дејствија, а во еден момент од кујната земал две кеси со опаковки со бела прашкаста материја и се обидел да ги исфрли во тоалетот.
При претресот, пронајдени и со потврда одземени се 25 помали паковки со бела прашкаста материја, три цвета растителна материја и 188.100,оо денари. Од добиеното вештачење извршено во Министерството за внатрешни работи во Скопје, констатирано е дека во 25 паковки има опојна дрога кокаин а цветовите-растителниот материјал се марихуана“, информираат од СВР Охрид.

На пријавениот одредена му е мерка притвор во траење до 30 дена, а потоа е спроведен во казнено поправната установа „Затвор-Скопје“.

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk