Кенијци победници на 32-от Меѓународен атлетски маратон

Денес во Охрид беше организиран 32-от Меѓународен атлетски маратон. 30 километарската патека во машка и женска конкуренција први ја помина Кенијците, Марк Кипчумба и Сузан Мутони. Сребрениот медал во машка конкуренција му припадна на Словакот Габриел Свајда, а трет финишираше Илир Рудани од Косово.

Кај атлетичарките Адријана Поп Арсова од Македонија заврши на втората позиција, а третопласирана Сања Најдовски. Најдобар македонски атлетичар беше Александар Кирацоски.

Повторно и оваа година, во рамки на маратонот се одржа и пет километарската трка – трка на Независноста. Прв низ целта во машка конкуренција мина Григоријан Никовски, а во женска Ања Еклер.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk