„Имам нешто да ти кажам“ – поетско читање авторска поезија во кафе-бар „Шила“

Четврток, 19-ти април со почеток во 20:00 часот во каф-бар „Шила“ ќе се оддржи поетско читање на авторска поезија од аматери-вљубеници во пишанот збор. Како што вели организаторот на овој настан Јован Цветкоски, постдипломец на Филмската академија во Охрид и член на НАТГ „Аматер“: „Имам нешто да ти кажам“ е прво поетско читање на авторски песни од ваков тип во Охрид.

„Простор и можност за секој да се пријави со своја поезија и да ја изрази својата уметничка мисла. Како прво од овој тип во нашиот град, нема да биде од натпреварувачки карактер. Зависно од заинтересираноста на учесниците и љубителите, отворен е патот како би можело да се развие понатаму“, додаваат од организацијата.

Претстојниот настан е уште еден во низата квалитетни културни вечери организирани во „Шила“ – концептуален кафе-бар кој с`е повеќе се истакнува како алтернативна арт-сцена во Охрид. „Ги охрабруваме креативците од сите сфери да не контактираат во врска со промоција на нивниот труд. Отворени сме за соработка и споделување на уметноста во секоја нејзина форма“, порачуваат од менаџерскот тим.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk