Извршила кражба кај свекорот и ги напуштила трите малолетни деца

Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела ,,запуштање и малтретирање на дете” и „кражба“, надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против А.А. (29) од струшкото село Шум.

Пријавената, на 30 минатиот месец го напуштила сопругот, семејниот дом и трите малолетни деца. Ден пред тоа, во куќата на нејзиниот свекор Ф.А. кој живее во соседното село Заграчани, таа извршила кражба на пет илјади евра и златни предмети.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk