Извадена граната од Охридското Езеро

На 11.8.2018 година околу 11.00 часот во Полициската станица Струга, П.П. (64) од с.Радожда, струшко, пријавил дека од страна на малолетни деца од брегот на езерото, била извадена експлозивна направа-граната која била оставена на брегот во близина на влезот во с. Радожда.

Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Струга и овластено лице од Дирекцијата за заштита и спасување Струга, од чија страна пронајдената граната била подигната за понатамошна постапка.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk