Иванов го додели признанието „Инженерски прстен 2018“

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, на свеченост во Вилата „Билјана“ го врачи признанието „Инженерски прстен 2018“, што по 15 пат им се доделува на најуспешните дипломирани студенти од техничките факултети.

Младите научници и инженери, според Претседателот, се идните градители на напредокот на Република Македонија.

„Инженерскиот прстен не е само признание, туку е и обврска за вас да му останете верни на вашиот професионален повик. Тоа е повик да нудите решенија, да проектирате, градите и создавате, да бидете креативни и иновативни“, истакна Иванов, охрабрувајќи ги младите да продолжат да ги усовршуваат своите вештини и да ги надградуваат своите знаења.

Во изминативе 15 години ова признание го добиле најдобрите 150 дипломирани студенти кои ги негуваат инженерските дисциплини.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk