Иванов: Го повикувам г. Заев веднаш да покрене импичмент

Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов со писмена изјава реагира на сите изнесени невистини и закани од страна на претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5 Телевизија.

„Го повикувам г. Заев со истото двотретинско мнозинство кое е неопходно за менување на Уставот на Република Македонија, веднаш да покрене постапка за утврдување на одговорност на претседателот на Републиката, односно импичмент.

Мојот став во однос на штетниот договор за името е конечен и останува непроменет и покрај сите искажани закани и притисоци“, стои во изјавата на претседателот Ѓорге Иванов.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk