Зијадин Села ја отфрли можноста за предизборна коалиција со СДСМ, нема да коалицира со луѓе што му забиле нож во грб

Лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, во интервју за „360 Степени“ е песимист дека во Собранието на РМ може да се постигне договор за уставни измени. Тој го отфрли предлогот за заеднички листи со СДСМ.

„Не можете да барате од нас да влеземе во коалиција со луѓе кои ни забија нож во грбот и тоа пред само 5-6 месеци. Сега барате јас да одам во предизборна коалиција со Зоран Заев. Ве молам. Ова не е лично прашање“, рече Зијадин Села, претседател на Алијансата за Албанците.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk