Земјотресот од 5 степени по Рихтер во Албанија, почувствуван и во Охрид

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија попладнево во 17 часот и 38 минути регистрирaше земјотрес со Рихтерова магнитуда од 5.0 чиј епицентар се наоѓа 115 км југозападно од Скопје и се наоѓа во соседна Албанија.

„Земјотресот беше почувствуван и на територијата на Република Македонија и тоа најсилно во Дебар околината со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала, во Охрид, Струга, Кичево и Гостивар со интензитет од III-IV степени и во Скопје и Тетово со интензитет од III степени според истата скала“, информираат од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk