За тоа колку не можеме, јавните тоалети срам за сликата на градот!

Јавни тоалети имало во антички Рим, големите европски градови ги прават уште од 19 век, а Охрид како главен туристички центар во 21 век с`е уште нема во функција.

Претходната Локална самоуправа утврди локации и издаде одобрение. Обезбеди преку проектот на Центарот за развој на Југозападниот плански регион за изработка, опремување и монтажа на санитарни контејнери, кај Горна Порта и ТЦ АМАМ модул со три тоалети, за мажи, жени и лица со посебни потреби. Средствата беа обезбедени преку програмите за рамномерен регионален развој на Министерството за локална самоуправа и Бирото за регионален развој.

За тоа колку е голем проблемот што јавни тоалети во Охрид не функционираат, кажуваат вработени во дуќаните во централното градско подрачје, туристите, таксистите, постарите луѓе. Најтрагично е што туристите молат по кафани, ресторани, апартамни за своите физиолошки потреби. Додека стојат заклучени алтернативи за тоалетите се ќошовите, парковите, паркинзите, непрометните улички, неосветлените места ноќе.

Нема информации од општина Охрид до каде е поврзувањето на струјата и канализацијата за тие да бидат ставени во функција. Треба да ги работи ЈП „Охридски комуналец“, но с`е уште нема набавено апаратчина за наплата. Толку ли е тешко да се стават во функција јавните тоалети!?

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk