Затвореник предизвикал пожар во охридскиот затвор

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ч.Р. (20) од Виница поради постоење основи за сомнение за сторено кривично дело ,,предизвикување општа опасност”.

Пријавениот, кој се наоѓа во Казнено-поправната установа Охрид на издржување затворска казна, на 5.8.2018 година во 21.45 часот во КПУ – Затвор Охрид, од неизгасната цигара предизикал пожар во собата во која бил сместен.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk