Запленети над 4 килограми марихуана кај жител на Велгошти

Кривична пријава против Ј.М.(23) од с. Велгошти поднесе Секторот за внатрешни работи Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги и психотропни супстанции и прекурсори.

„На 7 март во селото Велгошти при извршен претрес во домот на пријавениот, од страна на полициски службеници се пронајдени 4 килограми и 158 грама марихуана“, според МВР.

Од страна на Судија на претходна постапка на пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk