Заев: Република Северна Македонија за севкупна употреба

Вечерва на прес-конференција премиерот Зоран Заев во присуство на сите министри во Владата го објави решението за името – Република Северна Македонија.

„Нашиот влог во компромисот е дефинирање на прецизирано македонско име за нашата држава, име кое е достоинствено и географски прецизно, Република Северна Македонија, преводливо на сите јазици“, рече Заев.

Потенцира дека договорот е потврда за македонскиот јазик во Обединетите нации. Јазикот ќе биде македонски/macedonian без фусноти, националноста е македонска кроз граѓанин на Република Северна Македонија (Macedonian/citizen of the Republic of Macedonia). Договорот, како што рече ќе биде презентиран пред сите релевантни политички субјекти во државата, потпишан од претставниците на двете влади, по што следува ратификацијата во Собранието.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk