Заев до Мицковски: Што ви смета во „Илинденска Македонија”?

Премиерот Зоран Заев вечерва во Тв дуелот го праша лидерот на опозицијата Христијан Мицковски што му смета во името „Илинденска Македонија“.

„Што ви смета во ова име, не е само да кажете дека ви смета“, вели Заев.

Според него, Македонија треба да се обиде и решението е достоинствено.

„Конструктивни сме и сакаме чесно и достоинствено решение, и да помине во Грција. По 25 години немаме подобра шанса“, вели Заев.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk