Заев вози мотор од 30 илјади евра, а такво возило не поседува во анкетниот лист

Премиерот Зоран Заев на моторцикл со поголема група на моторџии пристигнал во Крушево, како гостин на градоначалникот Томе Христоски, по повод неговиот именден.

Моторциклот БМВ, од моделот K 1600 GT/GTL Excl, од застапниците во Македонија се продава по цена од 29.990 евра и важи за еден од најскапите и најексклузивни моторцикли на пазарот.

Премиерот Заев овој моторцикл не го пројавил во неговиот анкетен лист во Државната комисија за спречување на корупција, по што се поставува прашањето дали тој крие имот или можеби овој моторцикл го позајмил од некого за денешниот настан, за што според Законите во Република Македонија, потребно е полномоштво.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk