Жител на Лешани се здобил со прострелна рана од заталкан куршум

Вчера во 16 часот и 50 минути од охридската болница „Свети Еразмо“ во СВР Охрид било пријавено дека кај нив бил донесен Ј.М. (38) од с.Лешани, Охрид, со прострелна рана во пределот на надлактицата од левата рака.

Од страна на полициски службеници бил извршен разговор со Ј.М., кој што кажал дека околу 16,30 часот додека се движел пеш со негов роднина од с. Лешани кон место викано „Гркополе“ бил погоден од заталкан куршум. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk