Ердоган победник на претседателските избори во Турција

Реџеп Таип Ердоган, освои нов петгодишен мандат откако обезбеди целосна победа во првиот круг од претседателските избори во Турција. Шефот на изборното тело, Сади Гувен, изјави дека претседателот добил апсолутно мнозинство од сите валидни гласови.

Со овие резултати, Ердоган ќе добие моќни овластувања под новото извршно претседателство. Ердоган одржа триумфален победнички говор од балконот на седиштето на својата партија во главниот град Анкара, велејќи: „Победник на овие избори е секој поединец од моите 81 милион граѓани“.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk