Единаесеттата седница во знакот на одлуката за зонско паркирање

Како што и се очекуваше денешната 11-та седница на Советот на ппштина Охрид, помина во знакот на Предлог-Одлуките за новото зонско паркирање. Советниците од опозицијата во своите дискусии за залагаа за начинот на наплата преку СМС пораки, но бараа одлуките да бидат повлечени, со образложение за подобра анализа на состојбата и измени или иземање на одредени улици на кои ќе се наплаќа паркирањето.

Гласањето помина со прифаќање на одлуките од страна на мнозинството, а веднаш потоа опозицијата ја напушти седницата. Другите точки на дневниот ред од инфраструктурната сфера, туризмот и социјалната сфера, без дискусии беа едногласно прифатени од советниците.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk