Промоција на евровизиската песна во недела во Дневникот на МРТ

Евровизиската песна „Lost and found“ на групата ,,Ај Кју’’ ќе биде промовирана недела во Дневник 2 на МРТ во 19:30 часот со која ќе се претстави Македонија на 63 издание на Евровизија во Лисабон, Португалија.

Автор на музиката и текстот на песната е гитаристот и вокал на групата Бојан Трајковски, а аранжманот и продукцијата се на Дарко Димитров. Песната ќе биде промовирана со спот, чиј режисер е охриѓанецот Јован Куциновски.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk