Доналд Трамп во ООН: Глобализацијата е готова, доаѓа време на патриотизам

Претседателот на САД Доналд Трамп во денешниот говор на Генералното Собрание на Обединетите нации посочи дека ја отфрла идеологијата на глобализмот и ја прифаќа доктрината на патриотизам.

„Нашата армија наскоро ќе биде помоќна од кога било во историјата. САД е посилна, побезбедна и попросперитетна земја од пред две години, кога ја презедов функцијата“, изјави Трамп.

Ние ги штитиме американските вредности и луѓе, но ние се бориме за целиот свет, рече Трамп од говорницата во Њујорк, додавајќи дека тоа е добра вест за светот, бидејќи кога се борат за сопствен просперитет полесно е да се обезбеди мир.

Што се однесува на Северна Кореја, Трамп посочи дека САД го почитуват правото на сите народи да ги следат своите традиции и обичаи.

„САД нема да ви кажува како да живееете и работите, ние бараме само да се почитува нашиот суверенитет. Ми беше чест да ја претставувам САД во странство, изградив партнерства со лидерите на многу земји и нашиот пристап доведе до големи промени“, вели Трамп.

Некои земји кои се членки на Светската трговска организација ги кршат сите принципи на кои се заснова таа организацијата. Таквите односи со Кина се неприфатливи. Начинот на кој Кина води бизнис не може да се толерира. Америка секогаш ќе дејствува во интерес на државата, како што покажа мојата администрација, истакна Трамп, додавајќи дека САД се повлече од Советот на ОН за човекови права.

„Нема да се вратиме се додека не се спроведат вистински и реални реформи“, рече Трамп, потенцирајќи дека САД нема да го признаваат Меѓународниот кривичен суд.

Што се однесува до САД, тој суд нема надлежност и авторитет, тој ја крши правдата. Нема да се откажеме од американскиот суверенитет во корист на бирократијата. Со Америка управуваат Американци.

„Ја одбиваме идеологијата на глобализмот и ја прифаќаме доктрината на патриотизам“, изјави Трамп.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk