Доделени сертификати на Бреинобреин талентираните ученици

Во Едукативниот тренинг центар на Црвен крст Охрид во Велестово, на завршна свеченост на учениците кои ја следат Бреинобреин програмата во Центарот за развивање на животни вештини БОБ-Црвен крст Охрид, им беа доделени сертификатите за успешно завршено соодветно ниво од програмата.

„Настанот беше можност и за меѓусебно дружење, забава и спортување, на децата, но и на родителите.
Центарот БОБ-Црвен крст Охрид продолжува со работа во септември, кога и ќе бидат реализирани уписи на нови деца за есенскиот циклус на Бреинобреин програмата“, информираат од Црвен крст Охрид.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk