Директорот на затворот во Струга вплеткан во дилерска мрежа

Директорот на струшкиот затвор бил приведен во големата полициска акција за апсење на дилери на дрога која се одвивала во изминатите неколку денови во Струга и струшките села.

Во акцијата биле уапсени повеќе лица меѓу кои двајца од селото Велешта, а осомничен е и еден полициски инспектор кој успеал да избега. Полицијата го уапсила М.К. кој бил осуден на 13 години затвор и подоллго време и бегал на правдата, а осомничениот Х.Р се уште е во бегство. Двајцата од порано биле познати како дилери на дрога, а имале поддршка од директорот на затворот во Струга каде дилерите требало да ги одлежат затворските казни. Директорот на затворот, ги оставал осудениците на слобода, но и ги информирале за движењата на полицијата.

Во полициската акција, во селата Ливада и Велешта било пронајдено оружје и наркотици.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk