Сликата од дворот на Гимназијата како образовна институција

Пред празникот Св. Климент и свеченето доделување на дипломите на матурантите училишниот двор  на „Св. Климент Охридски“ во хаотична состојба. Сликата којашто охриѓани и туристите ја гледаат во дворот на Гимназијата воопшто не дава убав впечаток како за градот така и за Училиштето како образовна институција.

Училишниот двор е место преполно со ѓубре, остатоци од производи, отпушоци од цигари, флаши, искршени шишиња и што ли уште не, како преку ноќта така и преку ден. Надлежните институции како да подзаборавиле на ингеренциите и хигиената во градот.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk