Две Бугарки извршиле тешка кражба во Охрид

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „тешка кражба“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против бугарските државјанки Г.Г.Х.(27) и И.П.Х.(46).

„Пријавените, казненото дело го сториле на 12 овој месец во 19 часот и 30 минути во продавницата „Ваикики“ во Охрид. Искористувајќи згодна прилика и невниманието на З.С. од Скопје, пријавените на дрзок начин од нејзината ташна што ја имала на рамо, одзеле паричник во кој имало 1300,оо денари и лични документи“, информираат од СВР Охрид.

По наредба на Јавен обвинител и судија на претходна постапка, во СВР Охрид извршено е препознавање и претрес на пријавените при што пронајдени и одземени се предметите од кривичните дела. Тие се лишени од слобода и со кривичната пријава се предадени во Јавното обвинителство во Охрид.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk