Данев: Ова е тажен ден за Македонија, Тунтев: Тажен е затоа што дојдовме до ова дереџе

Пред пратениците денеска во Собранието беа измените на Изборниот законик со кој изборот на членови на Државната изборна комисија ќе се врши со 61 глас, а не како досега со 81. Законот по скратена постапка и со европско знаменце влезе во собраниска процедура и беше изгласан со 62 гласови за.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев, откако мнозинството прифати измените на Изборниот законик да се разгледуваат по скратена постапка изјави дека денот е тажен за Македонија и лош ден за демократијат и интересите на граѓаните.

„Побаравме еден час пауза да му дадеме шанса на процесот, на граѓаните и да не ја навредуваме нивната интелигенција, нивното демократско право да одлучуваат. Кога не бирале мислеле дека бираат луѓе кои работат во нивен интерес. Бевме сигурнидека ќе надвладее разумот и дека ќе го повлечете ова законско решение поднесено во скандалозна постапка. Гледаме политичко неразумно однесување, авторитативно однесување. За жал кога бевте опзиција ветувавте ќе се борите против истото. ВМРО го исполни својот дел од договорот, гласавме за реформски закони. На прво место за нас беа интересите на граѓаните иако бевме критикувани. Уште еднаш ќе ве молам размислете, апелирам да надвладее разумот и државничкото однесување“, изјави Данев.

Пратеникот на СДСМ, Томислав Тунтев со реплика на Данев велејќи дека денеска е жалосен ден затоа што дојдовме до ова дереџе.

„На 2 февруари, пред 4 и пол месеци Милошоски предложи до Собранието распишување оглас за ДИК. Дали сте сигурни-прашавме, бидејќи ќе стане предмет на разговори. Потоа стана предмет на разговори и се договорија политичките партии дека ќе има политички договор за избор на партиска изборна комисија, три члена на опозициајта, четири мнозинството. Пред еден месец на тоа се сложи ВМРО-ДПМНЕ и цел месец чекаме претседателот на Комисија да свика седница затоа што објавивме огас, конкурираа 47 кандидати, и сега чекаме повеќе од месец да се смилуваат и да ја свикаат Комисијата да се избере ДИК. Можеби ВМРО-ДПМНЕ не сака избори затоа не сака да се избере ДИК. Не дај боже некому нешто да се случи, не можеме министер или пратеник да именуваме затоа што немаме ДИК“, изјави Тунтев.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk