Дали Владата ќе ги обесштети охриѓани од силниот земјотрес?

Владата с`е уште нема донесено одлука дали ќе ги обесштети охриѓани кои претпреа големи штети од силниот земјотрес од 5,1 степен според Рихтеровата скала.

„Републичката комисија за проценка на висина на штети од елементарни непогоди е формирана кон крајот на јануари годинава. Комисијата го добила и го разгледала барањето за обесштета на општинската комисија од Охрид. За одлуката Републичката комисија се очекува до крајот на овој месец да ја извести и Владата и општината Охрид“, изјави Миле Бошњаковски, Портпарол на Владата на РМ.

Од Општинската комисија за проценка на штети во Охрид се оптимисти дека некакво обесштетување ќе има.

„Стапив во контакт со претседателката односно таа ми се јави. Бараа уште една табела за категоризација на објектите односно колку е оштетувањето од прва, втора, трета и четврта категорија. Тоа е испратено и во најкратко време за недела – две ќе почне исплата“, вели Раде Вељановски од Општинска комисија за проценка на штети.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk