Гудачкиот „Квартет Филхармонија“ вечерва со концерт на „Охридско лето“

Фестивалот „Охридско лето“ вечерва на љубителите на уметноста ќе им приреди концерт со најпознатите руски квартети од Петар Илич Чајковски и Дмитри Шостакович.

Гудачкиот „Квартет Филхармонија“ е формиран од помлади членови на оркестарот на Македонската филхармонија и започнува да функционира во октомври, 2017 година.

Ана Кондратенко ја има првата виолина во квартетот. Бојан Илкоски е втора виолина. Бојан Талески свири на виола, а дел од овој музички состав е и виолончелистката Марија Михајловска.

Концертот со најпознатите руски квартети ќе се одржи во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk