Охриѓани на протест против промена на името

Неколку стотини охриѓани се собраа на протест на градскиот плоштад денеска да протестираат како што рекоа против „институционалното насилие кое го спроведува нелегалната влада, а на штета на македонскиот народ и држава“.

Од иницијативата истакна неколку барања: повлекување на насилно донесениот закон за јазици, поништување на таканаречениот договор за добрососедство со Бугарија, неменување на уставното име на Република Македонија со цел влез во НАТО и ЕУ и ослободување на сите притворени и осудени поради настаните во собранието на 27.04.2017.

Истовремено од граѓанската иницијатива „Македонија пред сè“ се противат на како што ја нарекоа „безалтернативноста“ наречена „евроатлански интеграции“, т.н. опција „која упорно нè уценува и ни го разорува националното ткиво“.

„Особено не сега, кога новите светски геополитички промени ни отвораат една нова и реална перспектива а тоа е соработка со Русија, Кина и Евроазиската унија која е во подем и нуди недвосмислена соработка на рамноправни основи и со взаемно почитување, а кои не се условени со никакви понижувачки уцени“, рекоа говорниците од граѓанската иницијатива „Македонија пред сè“.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk