В сабота десетти протестен собир на „Македонија пред с`е“

Граѓанската иницијатива „Македонија пред с`е“ на 16.6.2018 г. (сабота) на градскиот плоштад во Охрид во 19:00 часот ќе го организира десеттиот по ред од серијата народни протестни собири против злоупотребата на државните институцииод страна на власта и носење одлуки на штета на македонскиот народ и држава.

„Ние како граѓанска иницијатива бараме: Неименување на уставното име на Република Македонија со цел влез во НАТО и ЕУ, Повлекување на насилно донесениот закон за јазици, Поништување на таканаречениот договор за добрососедство со Бугарија, Ослободување на сите притворени и осудени поради настаните во собранието на 27.4.2017“, велат од Иницијативата.

Ги повикуваат сите, без оглед на партиската припадност и идеолошка определба, да ги поддржат и заедно да кажат едно големо НЕ на уцените и обидите за уништување на нашиот народ и држава.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk