Во Франгово лице кое било повредено при работа со дрва починало

На ден 16.9.2018 година во 13.45 часот во Општата болница во Струга донесено е починато лице кое било повредено при работа со дрва кај струшкото село Франгово. По преземени мерки од страна на надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга, констатирано е дека се работи за Бујар Х. (36) од селото Рајце општина Либражд-Република Албанија кој бил на работа во месноста викано „Гропа“ атар на село Франгово.

„Во еден момент, врз него, од висина околу 10 метри паднало дрво при што истиот се здобил со повреди и посекотини на главата. Повредениот бил пренесен до селото Мали Влај каде ги чекала медицинска екипа од Итната медицинска помош-Струга кои се обиделе да го реанимираат, но истиот не покажувал знаци на живот. Смртта била констатирана во Општата болница во Струга“, информираат од СВР Охрид.

По наредба на надлежен Јавен обвинител, денеска ќе биде извршена обдукција во Медицинскиот центар во Битола.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk