Во среда протест пред седиштето на ЕВН во Охрид

Месната заедница од село Куратица во среда, на 14 март (12 часот) организира масовен протест пред седиштето на ЕВН Охрид.

На протестот, како што велат организаторите, ќе се изрази револт и предупредување до ЕВН дека треба повеќе да се инвестира во мрежата.

Во текот на изминатава зима, поради временските услови повеќе села во некогашната Коселска општина останаа неколку денови без електрично напојување.

OХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk