„Во агонија“ – возбудлива драма на „Охридско лето“

Во рамките на драмската понуда на фестивалот „Охридско лето“ вечерва во предворјето на црквата „Света Софија“, со почеток во 21 часот ќе биде изведена театарската претстава „Во агонија“ од Мирослав Крлежа, а во режија на Нела Кочиш, Озрен Грабариќ и Дарко Стазиќ. Станува збор за проект на ПУК – Патувачки театар и Младинскиотцентар „Рибњак“ – Сцена „Рибњак“.

„Крлежа е класичар. Претставата „Во агонија ” е играна на сите сцени во Хрватска, а со тоа нашиот предизвик и одговорност беа уште поголеми, да се создаде нешто ново и поинакво од предлогот кој толку пати е режиран. Ние експериментираме, истражуваме, настојувавме да создадеме претстава која нема да биде само убава интонација и совршено изговорени реченици на Крлежа без емотивно покритие. Нашата цел беше да создадеме возбудлива, жива, драматична претстава што ќе биде поинаква, но сепак ќе остане на Крлежа“, вели режисерката и актер во претставата Нела Кочиш.

Освен Кошиш во улогата на Лаура Ленбахова, во претствата играат и Озрен Грабариќ како Иван племенитиот Крижовец и Дарко Стазиќ кој ја има улогата на баронот Ленбах. Сценографија е ПетраКрилетиќ, а костимографијата ја изработи Марита Ќопо.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk