ВМРО-ДПМНЕ: Фотографијата кажува каков ред воведуваат градоначалникот Стојаноски и СДСМ

Со соопштение до медиумите на реакцијата на општина Охрид, брзо одговори општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Кратко и јасно оттаму велат дека ВМРО-ДПМНЕ не е против поставување урбана опрема и реквизити, но не смее да се поставува насекаде низ градот како што е случајот ова лето и предизвиканиот хаос за туристичката сезона.

„Фотографијата нека коментира за тоа каков ред воведувате господине градоначалник Стојаноски заедно со СДСМ…

Објект и лесковачка скара на пешачка и велосипедска патека во Студенчишко блато“, велат од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.

За опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Охрид не заслужува ваков туризам, затоа порачуваат да не ги потценуваат граѓаните, тие не се со кратко паметење.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk