ВМРО-ДПМНЕ Струга упати честитка до граѓаните по повод 8 Септември

Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Струга со честитка по повод 8 Септември-Денот на независнота на Република Македонија.

„8 Септември, 1991 година е датумот кога беше постигнат вековниот стремеж на македонскиот народ за сопствена и суверена Република Македонија. На тој историски ден, Македонците масовно излегоа на Референдум и гласаа за независна Република Македонија, а со тоа го исполнија аманетот на нашите херои од минатото.
И денес, како и низ историјата, Република Македонија повторно е ставена пред бројни предизвици, но сите ние, со гордо исправени глави , ќе продолжиме да се бориме, секогаш на браникот на татковината, за нашите идеали, за идеалите на нашите идни генерациии, за слободна и независна Република Македонија!
Нека ни е честит и вековит 8 Септември-Денот на независноста на Република Македонија!
Нека ни е вечна Република Македонија!“, стои во честитката на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Струга.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk