ВМРО-ДПМНЕ Струга: Животот што го ветувавте го претворивте во пекол, проектите како да пропаднаа во дупка, го погазивте секој закон, си поигравте со чувствата на граѓаните на Република Македонија

ВМРО-ДПМНЕ Струга на прес-конференција на која се обрати Мирче Аџиоски, претседател на ОК, на стружани им се заблагодари и оддаде почит за достоинството, храброста и патриотска совест за зачувување на нашето вековно име, спротивставувајќи му се на капитулантскиот договор.

„Струга и стружани, достоинствено, со крената глава го зачуваа идентитетот и името, покрај сите закани и уцени од пратеници, директори и раководители на државни и општински институции, како и вработени во Општина Струга, покрај сите полнења на кутии, бркање на набљудувачи од избирачки места, закани по живот и кршење на изборниот закон.
Очајот и непромисленоста на СДСМ и нивните коалициони партнери го допреа дното и на дело се покажаа во Струга, па почнаа да ги полнат кутиите во с.Заграчани, с.Радолишта, с.Октиси, с.Делогожда, с.Мислодежда, с.Лабуништа, с.Велешта, с.Долно Татеши, с.Подгорци, с.Џепин, во неколку избирачки места во Струга, меѓу кои и во ООУ ,,Браќа Миладиновци”, без притоа да реагираат претседателите на избирачките одбори и полициските службеници, кои се обврзани со закон да обезбедат непречено одвивање на изборниот процес“, изјави Аџиоски.

Според Аџиоски, затоа ВМРО-ДПМНЕ поднесе кривични пријави против повеќе од 200 лица, кои ќе одговараат пред законот.

„ВМРО-ДПМНЕ е за ЕУ и НАТО, но со достоинствено решение, со зачуван идентитет и историја на македонскиот народ.
Почитувани господа од СДСМ, стружани ги прочитаа вашите лаги и манипулации, животот што го ветувавте го претворивте во пекол, проектите како да пропаднаа во дупка, го погазивте секој закон, си поигравте со чувствата на граѓаните на Република Македонија.
Со вакви ,,вредности”, криминал и изборен фалсификат за година и пол ја вративте државата 20 години назад а на тој начин, не се влегува во ЕУ и НАТО.
Затоа нашата борба продолжува, нема да запреме додека не ја разбиеме оваа криминална влада!
Во народот е силата!
Да живее Република Македонија“, изјави Мирче Аџиоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ ОК Струга.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk