ВМРО-ДПМНЕ Охрид со честитка за празникот Рамазан Бајрам

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид упати честитка во која на сите верници од исламска вероисповед им го честита големиот празник Рамазан Бајрам.

„Празникот Рамазан Бајрам е радост за сите муслимански верници, вдахновение на љубовта, верноста и мирот.

Во Охрид преку почитувањето на верската различност и негувањето на толеранцијата секогаш сме ги граделе темелите на меѓуетнички и меѓурелигиски соживот. Токму овој голем празник е момент кога тие темели се јакнат и зацврстуваат исполнети со толеранција и соработка за напредокот на нашето општество. Пред историските премрежја и предизвици да се обединиме во зачување на вредностите на Македонија како гордост за идните генерации.

Во духот на празникот, упатуваме честитки со желби за лична среќа и духовен мир.
Честит Рамазан Бајрам!“, стои во честитката на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk