ВМРО-ДПМНЕ: Охрид со еколошкиот хаос стана град за потсмев во кој господарува моќта на срамната политика на СДСМ

Од опшитнскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ испратија писмено соопштение со кое реагираат на општина Охрид во врска со нивните информации поврзани со хигиената во градот и депонијата „Мауцкер“.

„Локалната самоуправа предводена од градоначалникот Јован Стојаноски преку бледи фотографии и празни флоскули сака да ја оправда својата неспособност и неработење пред охриѓани. Локалната самоуправа иако се обврза постојано и навремено дека ќе управува со комуналниот отпад, фотографиите од целиот град покажуваат дека таа не го чисти градот и отвора нови депонии“, велат од опозициската партија.

Според нив, најверојатно имаат амнезија и забораваат како без малку срам под превезот за чист Охрид ја создадоа депонијата „Мауцкер“. Без малку срам кажуваат дека набавиле возила фалејќи се со возила кои беа претходно набавени од Локалната самоуправа предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Како што велат, без малку срам кажуваат, а знаат дека во текот на својот мандат не купија ниту едно возило за комунална хигиена за ЈП „Охридски комуналец“. Единствено што прават е набавка на поволни возила со нереални цени и сомнителни технички спецификации.

„Само 8 месеци беа потребни повторно да создадете еколошки хаос, тоа за што се врвни стручнаци. ВМРО-ДПМНЕ има чиста совест затоа што поранешниот градоначалник Никола Бакрачески издаде наредба за забрана за депонирање отпад на „Мауцкер“. Ви порачуваме слободно да ја пронајдете и ако имате малку одговорност да ја спроведете на дело“, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Тие посочуваат дека кога веќе од Локалната власт предовдена од СДСМ нема јавно извинување за тоа што ја создадоа депонијата кај локалитетот „Мауцкер“ и за сите незаконски дејства што ги направија додека беа на власт, јавно треба да одгoворат зошто повторно откако сe на власт прават еколошки хаос?

„Ветувавте живот за охриѓани а донесовте само проблеми. Охрид од достоинствено место за живеење го направивте град за потсмев, град во кој господарува моќта на срамната политика на СДСМ. Охрид наместо модерен туристички град за жал го ставивте на маргините како туристичка дестинација.
На ваквата Локална власт местото и е на буништето на депониите“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk