ВМРО-ДПМНЕ Охрид: СДСМ и Стојаноски не се гласот на граѓаните, со одлуката за зонското паркирање повторно ги зголемија трошоците за живот

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ од Охрид со соопштение по донесувањето на одлуката за зонско паркирање на денешната седница на Совет на општина Охрид. Тие велат дека СДСМ и градоначалникот Стојаноски со нивното безидејно неразумно однесување не се повеќе гласот на граѓаните и не се за поубав и просперитетен Охрид.

„СДСМ досега само спроведува планови за поскапување, зголемени трошоци за живот и осиромашување на охриѓани. И покрај предупредувањата и апелот до Градоначалникот и советниците на последната седница на Совет да не се гласа скандалозната одлука на ЈП „Билјанини Извори“ за поскап паркинг и проширување на зоните, после неколку часа дискусија и тоа на толку лесен начин истата беше изгласана. Со одлуката сега ќе трпат станоиздавачите, угостителите и жителите на Стар град, улица „Јане Сандански“, булевар „Туристичка“ но и целиот Охрид“, велат од ВМРО-ДПМНЕ Охрид.

Оттаму велат дека се обиделе на секаков разумен начин да им ја објаснат штетноста на одлуката која е против интересот на граѓаните. Не се воведува ред во паркирањето, туку профит за ЈП „Билјанини извори“. Со новиот систем за наплата на паркирањето преку СМС фирмата изработувач на софтверот надвор од Законот веќе имал потпишано договор со јавното претпријатие „Билјанини извори“, а одлуката не била помината на Совет. По изгласувањето на точката советниците на ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија седницата во знак на револт.

„Не може тоа да се прави без пилот-проект и во туристичка сезона, не може да се прави без сообраќајна студија надвор од сите законски норми. Ова е уште еден голем удар врз охриѓани и гостите. Повторно успеавте да ги зголемите трошоците за живот на охриѓани и трошоците на престојот на гостите кои го посетуваат Охрид.
Охрид и охриѓани заслужуваат подобро“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk