ВМРО-ДПМНЕ Охрид: Неорганизираната локална власт прави хаос во туризмот, рампите да бидат отстранети

Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ испрати писмено соопштение во кое стои:

„Денес Охрид се разбуди со поставени рампи за влез во центарот на градот. Граѓаните збунети и неинформирани останаа затекнати од рестрикциите на сообраќајот кои не беа претходно најавени и детално објаснети“, велат од партијата.

ВМРО-ДПМНЕ поставува неколку прашања:

„Која е причината поради која се поставуваат рампи на истите оние места од кои беа отстранети пред 5 години?
Вака ли се води град?
Вака ли се развива туризам со тотална неорганизираност, аматерско работење и неинформирање?

Според партијата Локалната самоуправа не само што не решава проблеми, туку прави хаос со сопствените наводни проекти.
Незнаењето, неспособноста и пропустите во работењето на Локалната самоуправа станаа наше секојдневие а добрите политики и развојот неостварена желба…

ВМРО-ДПМНЕ се спротивставува на воведеното ограничување на движењето на граѓаните со поставување на рампи кои го попречуваат одвивањето на сообраќајот за граѓаните и туристите. Од партијата бараат:

„СВР Охрид веднаш да постапи согласно нивната надлежност и до Локалната самоуправа претставувана од градоначалникот Стојановски и до Секторот за комунални дејности и Одделението за сообраќај и улици, да испрати ургенција со барање за отстранување на препреките на сообраќајниците, односно металните рампи и бетонските конструкции поставени во центарот и стариот дел на градот“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk