ВМРО-ДПМНЕ Охрид: И со реизборот незаконски поставените членови не ги исполнуваат условите за Управни и Надзорни одбори на ЈП

На прес-конференција Д-р Кирил Пецаков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ денеска истакна дека демократскиот капацитет на градоначалникот Јован Стојаноски и СДСМ повторно е ставен пред законите. Од партијата обвинија дека по партиска директива направен е реизбор на претходно незаконски поставените членови на Управни и Надзорни одбори на јавните претпријатија и установи во градот.

„Јавноста чека одговор што претставува всушност генералниот реизбор на сите членови?

ВМРО-ДПМНЕ на неколку пати изјави дека избраните членови не ги исполнуваат законските услови за нивно назначување, пропишани во Законот за јавни претпријатија.

Дали сите досегашни одлуки носени од Управни одбори и Надзорни одбори се незаконски знаејќи дека ниту еден нивни член не ги исполнува законските услови?“, прашуваат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ.

Пецаков изјави дека по измените во Законот се избришале токму тие услови: положен психолошки и тест за интегритет, како и сертификат за познавање англиски јазик. Сега согласно Законот покрај останататите услови за членовите стојат и:
стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен образование, има минимум три години работно искуство,  и приложување на АПТИС сертификат, најмалку В2 ниво.

„Зошто и покрај намалувањето на условите за членови во Управни одбори и Надзорни одбори повторно има, односно изгласавте лица коишто не ги исполнуваат законски намалените услови?
Управните и Надзорните одбори треба да бидат места каде се судираат идеи на интелектуалци и докажани граѓани, а не места пополнети од предизборни ветувања и коалициони договори“, потенцира и праша Пецаков.

Од ВМРО-ДПМНЕ бараат градоначалникот Стојаноски да одговори кога веќе е објавен оглас за директор на ЈП, зошто нема и за ЈП „Градски гробишта“ и дали тоа е затоа што можеби не се исполнуваат повторно законски услови.

„Градоначалникот Стојаноски, иако знае дека Советот носи незаконски одлуки, тој свесно со Решение не го запира по вторпат нивното објавување во службен гласник на општина Охрид и дозволува истите да стапат на сила.
ВМРО-ДПМНЕ потенцира дека со ваквите постапки сите лично ќе сносат и кривична и материјална одговорност.
ВМРО-ДПМНЕ ќе поднсе пријава до Инспекторатот за Локална самоуправа, за да ги стопира одлуките спротивни на законот, на СДСМ во Советот“, истакна Д-р Кирил Пецаков.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk