ВМРО-ДПМНЕ Охрид: Дали за СДСМ беше важно преку огромна сума на пари – обезличување на граѓаните? Зошто СДСМ и Стојаноски ги игнорираат проблемите на охриѓани и немаат никакви идеи за нивно решавање?

Со писмена контра-реакција на реакцијата на ОО СДСМ веднаш се јавија и од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид во однос на нивната денешна прес-конференција во која велат дека СДСМ продолжува со лажниот триумфализам и се удира во гради потценувајќи ги охриѓани во речиси секоја сфера на општественото живеење, додека пак резултатите ја покажуваат вистинската слика.

„Дали самите се свесни за својата матрица на делување во која се вградени лагите, манипулациите и националното предавство?
Ако СДСМ сериозно се замисли за досега спроведените политики кои директно ги засегаат охриѓани, тогаш ќе сфати дека за секој чесен сограѓанин најважно е неговото човечко достоинство и националната гордост.
Дали за СДСМ беше важно преку огромна сума на пари – обезличување на граѓаните?
Факт е дека договорот со Грција не доби поддршка од охриѓани. Охриѓани не ги скршија, ниту уцените, ниту заканите, ниту јавувањата на директорите по институции, ниту правените списоци и малтретирања.
СДСМ нели мисли дека за сето тоа ќе дојде време кога ќе одговараат за малтретирањето на народот?
За ВМРО-ДПМНЕ секогаш членството во ЕУ и НАТО е стратешка цел, но со достоинство и гордост на народот преку зачувување на нашето уставно име и нашиот идентитет.
Зошто СДСМ и Јован Стојаноски ги игнорираат проблемите на охриѓани и немаат никакви идеи за решавање на нивните реални потреби и проблеми?“, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ Охрид.

Според опозициската партија, згора на тоа и се правдате со немање волшебно стапче. Вашата неспособност сакавте да ја затскриете со продажбата на македонските национални интереси. Токму таа неспособност охриѓани ја препознаа со тоа што не можете да ги решите нивните проблеми.

„Охриѓани знаат дека кога Вие сте на власт немаат сигурна безбедност, владеење на правото не постои, нема реформи во образованието, уништена е економијата, здравството се распаѓа, нема инфраструктурни проекти. Охрид само тоне!
Одговорете си пред самите себе дали сте казнети во Охрид со губење на речиси 4000 илјади гласови и тој тренд на опаѓање на поддршката продолжува?
Ако охриѓани чекаат на палките од Зоран Заев, за да се стигне до ЕУ и НАТО тогаш навистина никогаш не ќе бидат пренесени преку езерото, а Македонија со оваа Власт уште долго ќе чека да биде држава со европски принципи.
ВМРО-ДПМНЕ Ви порачува дека како локална власт, а не опозиција треба да сфатите дека со вашите политики најголеми губитници се граѓаните на општина Охрид.
ВМРО-ДПМНЕ секогаш ќе биде со народот, на страната на правдата и на Македонија!“, стои во писмената контра-реакција на ВМРО-ДПМНЕ Охрид.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk