ВМРО-ДПМНЕ: На 2 јуни народот го крева својот глас против погубното владеење на оваа ненародна Влада

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по седницата на Централниот Комитет на партијата мајави дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе организираат протестен собир на 2 јуни во 20 часот пред Владата на Република Македонија. Народот, како што вели тој, го крева својот глас против погубно владеење на оваа влада.

„Оваа трета генерација политичари на ВМРО-ДПМНЕ учеше од првата генерација, растеше со втората генерација и како основна цел и задача си постави да ги порази остатоците од транзицијата, а тој пораз ќе започне со организирање на еден огромен народен протест кој што ќе се случи на 2-ри Јуни во 20 часот пред Владата на Република Македонија“, рече Мицкоски.

Мицкоски ги покани сите добронамерници, обесправени, разочарани, излажани од страна на Зоран Заев и политичарите околу Зоран Заев да се придружат, да застанат рамо до рамо со ВМРО-ДПМНЕ, заедно да тргнат во офанзива, да тргнат во битка и конечно да ја поразат ненародната Влада којашто и се случува на нашата татковина.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk