Викендов првиот „Beach Film Festival” во Охрид

Од 19 до 22 јули на плажата Оревче ќе се одржи првото издание на „Beach Film Festival”. На фестивалот ќе можеме да погледнеме филмови кои доживеале голем успех, па така првата фестивалска вечер ќе започне со проекција на хрватскиот филм, „Осмиот комесар”, на која ќе присуствува и режисерот на овој филм, Иван Салај.

Интересно е што во петок, на 20 јули, филмот „Holiday”, посетителите ќе имаат можност да го погледнат на бродот „Галеб”, кој ќе плови на релација Охрид- плажа Оревче. Останати долгометражни филмови кои ќе се прикажуваат се: „Digging”, „Ederlezi Rising”, „Wish to wash with the rain”, како и неколку краткометражни филмови.

После секоја проекција на филмовите, ќе следат настапи на македонски и интернационални изведувачи, како на пример: RIB, Cyrillic, Palindrom, DJ Klara Vedis, Sajsi MC, Foltinи други. Овој фестивал ги спојува музиката и филмот на плажа.

Но, на „Beach Film festival”, ќе имаме и дневни активности, т.е. работилници: Работилница за актерска игра за средношколци, работилница за документарен филм, на која студентите ќе можат да научат повеќе за основите во создавањето на документарен филм, продукција, режија, работилница за актерска игра за деца од 11- 14 години.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk